Samsung Galaxy Note 4 LTE - Екстра коњски сили

Објавено на 31.12.2014 во Новости



Samsung Galaxy Note 4 LTE - Екстра коњски сили

Samsung Mobile претстави нова верзија на популарниот фаблет Samsung Galaxy Note 4 LTE која е уште помоќна со новиот осум-јадрен Qualcomm Snapdragon 810 процесор, кој е најнов меѓу чипсетите со екстра квалитет и можност за работа со 64 битни апликации.
 
 
Samsung Galaxy Note 4 LTE го оправдува своето име со најбрзата 4G конекција која кај одредени оператори може да достигне неверојатна брзина од 300 mbps или двојно повеќе од претходниот модел.
 
 
Ова е втор пат Samsung Mobile да промовира екстра верзии на своите премиум смартфони, а претходно тоа го направи со Samsung Galaxy S5 LTE со помоќен процесор и побрза конекција. Samsung Galaxy Note 4 LTE ќе биде пуштен во продажба во јануари, а цената најверојатно нема да биде премногу повисока од основниот модел.
 
 
Оваа политика не им донесе значаен успех бидејќи купувачите се фокусирани на смартфоните кои веќе ги знаат преку маркетиншката активност, па затоа LTE верзиите повеќе служат за покажување на моќ од страна на Samsung и најава за понудата во наредниот период.