Nokia 215 е најевтиниот ретро телефон

Објавено на 05.01.2015 во Новости



Nokia 215 е најевтиниот ретро телефон

Microsoft во соработка со Nokia претстави нов мобилен телефон во основната класа кој има ретро изглед со нумеричка тастатура и неколку софтверски додатоци кои ги имаат и модерните смартфони, а неговата цена е многу ниска со само 30 евра. 
 
 
Nokia 215 е обичен телефон, но со ретро шмек наменет за повозрасната генерација која не сака смартфони или пак за најмладите чии родители сметаат дека им е рано за смартфон. Со Nokia 215 може да сурфате на интернет преку Opera Mini, како и да користите основни апликации и игри.
 
 
На располагање ви се апликации за временска прогноза, Facebook, Messenger, Twitter и Bing Search. Nokia 215 работи само со 2G мобилна мрежа, има 2.4 инчен QVGA дисплеј со резолуција од 320 x 240 пиксели, MP3 плеер, FM радио, 0.3 MP камера, како и батерија која може да издржи цел месец во мирување.