Lenovo ги претстави одличните Vibe X2 Pro и P90

Објавено на 06.01.2015 во Новости



Lenovo ги претстави одличните Vibe X2 Pro и P90

Lenovo се покажа како еден од најактивните производители на годинешниот саем CES со два нови супер смартфони Lenovo Vibe X2 Pro и Lenovo P90 кои се атрактивен додаток на понудата во премиум сегментот и заслужуваат внимание од потенцијалните купувачи.
 
 
Lenovo Vibe X2 Pro доаѓа со веќе препознатливиот трослоен дизајн составен од повеќе елементи на маската и е изработен од метални компоненти. Освен со дизајнот привлекува и со моќниот хардвер управуван од 64 битен осум-јадрен Snapdragon 615 процесор, 2 GB RAM, 32 GB меморија, две 13 мегапикселни камери, заедно со батерија од 2410mAh.
 
 
Lenovo Vibe X2 Pro располага со 5.3 инчен Full HD дисплеј, димензиите на телото изнесуваат 146.3 X 71.0 X 6.95 mm, додека пак за софтверот е искористен Android 4.4 KitKat и ќе се продава по цена од 500 долари со отклучена SIM картичка. 
 
 
Вториот смартфон Lenovo P90 исто така е доволно атрактивен со 5.5 инчен Full HD дисплеј, 13 мегапикселна главна камера со оптичка стабилизација на сликата, 64 битен четири-јадрен Intel Atom процесор, како и огромна батерија со капацитет од 4000 mAh. Цената на Lenovo P90 е многу пониска и ќе изнесува само 370 долари.




Прочитајте повеќе: