Oppo U3 доаѓа со 4Х оптички зум на камерата

Објавено на 08.01.2015 во Новости



Oppo U3 доаѓа со 4Х оптички зум на камерата

Oppo го регистираше најновиот смартфон од U серијата кој според првичните информации од кинеската агенција TEENA ќе има импресивна камера со 4Х оптички зум со 13 мегапиксели.
 
 
Oppo U3 ќе биде голем конкурент на најновиот камера смартфон Asus ZenFone Zoom кој има 3Х оптички зум, но е многу подебел со 11.95 милиметри, додека пак новиот знаменосец на Oppo ќе има тело од 9 милиметри.
 
 
Oppo U3 би требало да настапи со огромен 5.9 инчен Full HD дисплеј, осум-јадрен процесор од 1.7 GHz, 2 GB RAM, 16 GB меморија, microSD мемориска картичка и 5 мегапикселна предна камера.