Spartan Browser за Windows 10 носи големи иновации

Објавено на 09.01.2015 во Новости



Spartan Browser за Windows 10 носи големи иновации

Microsoft подготвува нов интернет прелистувач кој ќе го замени веќе застарениот Internet Explorer со целосно нов проект наречен Spartan Browser кој ќе дебитита заедно со Windows 10. Според најновите информации Spartan Browser ќе има уникатни функции кои ќе го издвојат од Chrome, Opera и Mozilla.
 
Spartan Browser ќе има посебна можност за креирање на белешки од веб страните кои преку OneDrive апликацијата ќе може директно да се споделат со контактите и ќе може да се отворат од било кој прелистувач. Исто така лицата на кои ќе им ги испратите белешките ќе може директно да ги уредуваат и да ги споделат нивните идеи, што е одлично за деловните корисници.
 
Втората значајна опција на Spartan Browser е целосната интеграција со гласовниот асистент Cortana за добивање на корисни информации, како и реализирање на задачи, на пример резервирање на билети, следење на вашите активности и операции во самата веб страница. Spartan Browser и Windows 10 ги очекуваме кон средината на 2015-та.
 




Прочитајте повеќе: