Наскоро доаѓа HTC Desire 320 со 64 битен процесор

Објавено на 10.01.2015 во Новости



Наскоро доаѓа HTC Desire 320 со 64 битен процесор

HTC продолжува со проширување на серијата на евтини смартфони со новиот HTC Desire 320 кој во основната класа ќе понуди 64 битен Qualcomm Snapdragon 410 процесор од 1.3 GHz.
 
 
HTC Desire 320 располага со 4.5 инчен FWVGA дисплеј со резолуција од 480 x 854 пиксели, 1 GB RAM, 8 GB меморија, 5 мегапикселна камера со LED блиц и снимање на HD видеа од 1080p, како и батерија со капацитет од 2100 mAh.
 
HTC Desire 320 работи на оперативниот систем Android 4.4 KitKat, но наскоро може да се очекува и надградба со најновата Lollipop верзија, а ќе се продава по цена од околу 100 евра.