Lenovo A6000 започна со меѓународен пласман

Објавено на 11.01.2015 во Новости



Lenovo A6000 започна со меѓународен пласман

Lenovo ги потврди амбициите за поголемо присуство на интернационалниот пазар со уште еден евтин и квалитетен смартфон во основната понуда Lenovo A6000 кој наскоро ќе се најде во продажба по цена од околу 150 евра.
 
 
Lenovo A6000 ќе донесе 64 битен Qualcomm Snapdragon 410 процесор со четири јадра од 1.3 GHz, 1 GB RAM, 8 GB меморија, 8 мегапикселна камера со LED блиц, LTE конекција, работа со две SIM картички и батерија со капацитет од 2300 mAh.
 
Дисплејот на Lenovo A6000 има големина од 5 инчи со 720p HD резолуција, а работи на оперативиот систем Android 4.4 KitKat.
 
Автор: Aleksandar Stankov