Oppo R1C ќе има заштита од сафир

Објавено на 13.01.2015 во Новости



Oppo R1C ќе има заштита од сафир

Оваа недела не очекуваат голем број на промоции на кинеските бренедови, а еден од најактивните ќе биде Oppo кој најверојатно ќе открие два нови квалитетни смартфони. Првиот веќе го дознавме, Oppo U3 е опишан како уникатен смартфон со 4Х оптички зум на камерата, а друштво ќе му прави новооткриениот Oppo R1C кој ќе има одличен дизајн со цврста прекривка од зафир.
 
 
Oppo R1C ќе биде смартфон од средната класа со 5 инчен 720p HD дисплеј, ќе работи на 64 битниот Qualcomm Snapdragon 615 процесор со осум-јадра од 1.5 GHz, 2 GB RAM, 16 GB меморија, 13 мегапикселна камера и LTE конекција. Oppo U3 и Oppo R1C ќе бидат промовирани на 14 јануари.




Прочитајте повеќе: