Sony Xperia Curve - Концепт за новиот премиум смартфон

Објавено на 19.01.2015 во Новости



Sony Xperia Curve - Концепт за новиот премиум смартфон

Од протечените мејлови на Sony како резултат на хакерскиот напад успеавме да дознаеме дека новиот премиум смартфон Sony Xperia Z4 ќе има нов дизајн со променета естетика, но немаме конкретни слики од неговиот изглед. Sony Mobile мора да промени нешто во премиум класата, па можеби овој концепт за Sony Xperia Curve ќе им послужи како инспирација.
 
 
Концептот е изработен од Android DJs и е сосема различен од било кој смартфон што Sony досега го креирал, па токму тоа е и предноста, да се види нешто ново и свежо. Sony Xperia Curve е замислен како заоблен смартфон со продолжување на дисплејот околу рабовите, слично како флексибилниот дисплеј кој се шпекулира дека ќе го видиме кај Samsung Galaxy S6. 
 
 
Sony Xperia Z4 се уште се држи во голема тајност и освен претпоставката дека ќе има Quad HD дисплеј и поиздржлива батерија немаме многу релевантни податоци. Според динамиката на Sony можно е првите информации да бидат откриени за време на конгресот MWC во Барселона во март, а зошто да не таму да се случи и неговата промоција.