Sony Bend ќе го доведе PlayStation 4 до лимитот

Објавено на 22.01.2015 во Игри



Sony Bend ќе го доведе PlayStation 4 до лимитот

Sony Bend најави дека работи на нова ексклузивна игра за PlayStation 4 која максимално ќе ги искористи потенцијалите на новата гејмерска конзола, но освен во делот на хардверот се истакнува и нешто сосема ново во софтверска смисла, што секако ги подгрева надежите на сите гејмери.
 
 
Кристофер Рис техничкиот директор на Sony Bend упати и повик до сите заинтересирани програмери да се вклучат во проектот кој ќе го однесе PlayStation 4 на едно сосема ново и досега невидено ниво. Ова звучи прилично мистериозно бидејќи нема детали за жанрот на играта, ниту пак за техничките спецификации но, не се сомневаме дека ќе донесе нешто креативно и неочекувано.
 
 
Фановите на PlayStation добро се запознаени со работата на малото но, супер креативно студио Sony Bend кое во минатото ги лансираше легендарните франшизи Syphon Filter и Uncharted.