Sasmsung потврди - Galaxy S6 доаѓа на 2 март

Објавено на 22.01.2015 во Новости



Sasmsung потврди - Galaxy S6 доаѓа на 2 март

Долго очекуваниот премиум смартфон Samsung Galaxy S6 најверојатно ќе дебитира на 2 март за време на конгресот MWC во Барселона и ќе пристигне само еден ден по промоцијата на супер конкурентот HTC One M9. Корејските медиуми тврдат дека информациите ги добиле од неименуван директор на Samsung и откриваат повеќе детали за смартфонот.
 
 
Наводно Samsung Mobile има подготвено повеќе прототипи на Galaxy S6 со различен дизајн кој ќе има целосно метална конструкција или пак маска покриена со цврсто стакло. Samsung исто така повремено ги протекува овие информации за да одлучи што најдобро поминува кај фановите и кочечниот дизајн ќе се базира на нивните реакции. 
 
Според нас досега многу поатрактивно звичи целосната маска од алуминиум, па ќе видиме дали тоа ќе биде и изборот на Samsung. Исто така постои дилема дали да се користи флексибилниот дисплеј со продолжена лента на двата странични рабови или да се оди на традиционалниот дисплеј без ескперименти.
Автор: Aleksandar Stankov