HTC Desire 626 ќе не освежи напролет

Објавено на 28.01.2015 во Новости



HTC Desire 626 ќе не освежи напролет

HTC се поизвесно е дека подготвува нов екстра смартфон во средната класа кој ќе има одлични перформанси благодарение на 64 битен процесор. Досега протекоа повеќе слики од HTC Desire 626 кој се претпоставува дека ќе биде промовиран во исто време како и премиум смартфонот HTC One M9, со цел да се привлече поголемо внимание на јавноста.
 
 
Според првичните информации HTC Desire 626 ќе има 5 инчен HD дисплеј, со 13 мегапикселна главна камера и предна камера со висок квалитет од 5 мегапиксели. Хардверот ќе има две верзии со 64 битен Meditek или Qualcomm Snapdragon 410 процесор, 2 GB RAM, 16 GB меморија, како и батерија со капацитет од 2200 mAh. 
 
За оперативниот систем постои и можност да биде искористена и најновата верзија на Android 5.0 Lollipop. HTC Desire 626 го очекуваме на почетокот на март за време на конгресот MWC во Барселона.