Вториот Motorola Moto E поспособен и поевтин

Објавено на 29.01.2015 во Новости



Вториот Motorola Moto E поспособен и поевтин

Motorola изминатите две години имаше одличен настап во средната и основната класа со двата привлечни и евтини смартфонот Moto G и Moto E со многу прифатливи цени од 120 до 200 долари. Сега се подготвува втората генерација на Moto E смартфонот кој ќе има повеќе подобрувања во сите категории, а при тоа ќе ја задржи ниската цена од околу 100 долари.
 
 
Motorola Moto E2 се очекува да има поголем дисплеј со qHD резолуција, ќе работи на 64 битниот Qualcomm Snapdragon 410 процесор со четири јадра од 1.2 GHz, 1 GB RA, 8 GB меморија со слот за microSD картичка, 5 мегапикселна камера, 4G LTE конекција и батерија со капацитет од околу 2000 mAh.
 
Една од главните промени во однос на претходниот Motorola Moto E смартфон ќе биде во софтверот, односно „двојката“ најверојатно ќе биде пуштен од старт со најновата верзија на Android 5.0 Lollipop што би требало значително да ги подобри перформансите. Се уште нема закажано датум за промоција на Moto E2 но, смартфонот го очекуваме во текот на март.