Летово ќе муабетиме евтино од Србија, БИХ и Црна Гора

Објавено на 03.02.2015 во Новости



Летово ќе муабетиме евтино од Србија, БИХ и Црна Гора

АЕК подолго време договараше поевтин роаминг со претставници од Балканот и долго очекуваните поевтинување конечно се реализираат и тоа во две фази, од 30 јуни оваа година, со уште едно намалување на цените од 30 јуни 2016-та. Падот на цените во роаминг ќе се форсира и по 2017 година но, за тоа потоа. Од ова лето корисниците на мобилни и интернет услуги ќе може поевтинo да разговараат дома и во странство со цени од 17.8 ден. минути за појдовни повици, 5.5 денари порака и 43 денари за 1 MB интернет или MMS. 
 
 
Цените ќе паѓаат и во 2016 година кога минута разговор појдовни повици ќе чини 0.24 евра, дојдовни 0.07 евра, SMS порака 0.08 евра, а за пренос на податоци во роаминг 0.15 евра. Сите цени се без пресметан ДДВ. Претходно АЕК објави и нова регулатива за наплата на услугата роаминг при што корисниците задолжително ќе добиваат известувања доколку направат повисоки трошоци од 1000 денари.