Пуштен универзалниот Office за Windows 10
Објавено на 06.02.2015 во Windows
Microsoft ја најави првата пробна верзија на апликациите од Office пакетот, Word, Exel и Power Point кои ќе имаат идентични функции како на десктоп уредите така и на смарт уредите со екрани на допир.
Уште при првата најава на Windows 10 беше откриени дека Microsoft ќе се потруди да лансира речиси идентични апликации за смартфон и десктоп, со што ќе се постигне поголема синхронизација, поврзаност и единствено корисничко искуство.
Освен Word апликациите, на оваа листа ќе бидат додадени и OneDrive, Outlook, апликациите од XBox, Cortana и уште многу други.
Првичниот пакет може да го тестираат и оценат корисниците кои се регистрирани во Developer програмата и ја имаат инсталирано Technical Preview верзијата на Windows 10. Корисниците на смартфон или таблет со тест верзиите на Windows 10 ќе треба да почекаат уште некоја недела за новиот Office пакет.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.