Со љубов од Вип - HTC Desire 510 и Alcatel Onetouch Pop D5

Објавено на 06.02.2015 во Новости



Со љубов од Вип - HTC Desire 510 и Alcatel Onetouch Pop D5

Во месецот на вљубените, кога потрагата по совршениот подарок за драгите личности започнува, Вип подготви понуда за корисниците, давајќи им одлична можност да ги израдуваат своите најсакани со модерен паметен телефон по намалени цени.

Во рамки на богатото портфолио на паметни телефони од понудата на Вип, корисниците во промотивниот период можат да го одберат HTC Desire 510 кој работи на напредната 4G ЛТЕ мрежа на Вип со најголема покриеност во Македонија и поседува 4.7” екран на допир, 5 MP камера за зачувување на сите убави мигови, како и супербрз Quad Core processor. HTC Desire 510 е достапен по промотивна цена од 199 денари/месечна рата на 24 рати преку потрошувачки кредит со 0% камата, обезбеден во соработка со NLB Тутунска банка, достапен за физички лица, со Vip Free+ Special + тарифниот модел кој им нуди на корисниците неограничена комуникација кон сите мрежи во Македонија.

Друга промотивна опција е Alcatel Onetouch Pop D5 уредот,кој е достапен за 0 денари со тарифниот модел Vip Free+ Special + и се карактеризира со 4.5” екран на допир, 5 MP камера, одличен Quad Core processor како и дополнителни перформанси кои го прават овој модел одлична опција за подарок.

Понудата  е достапна од денеска сѐ до 15.02.2015 и важи за сите нови и постојни корисници со договор на 24 месеци. Подетални информации корисниците можат да добијат со јавување во контакт центарот на Вип на 077 1234 или на www.vip.mk.