Lenovo S860 - Со супер издржлива батерија работи нон стоп

Објавено на 12.02.2015 во Новости



Lenovo S860 - Со супер издржлива батерија работи нон стоп

Lenovo се поуспешно се профилира како сериозен производител на смартфони кој знае како да ја прилагоди понудата во сите категории, без притоа да троши ресурси на непотребни модели без значаен квалитет. Ако во основната класа го имаме солидниот Lenovo A536, за нешто повисока цена во средната класа доаѓа Lenovo S860 со уште помоќни компоненти и што е најважно супер издржлива батерија со рекорден капацитет од 4000 mAh.

Батеријата не е неговата единствена предност - Lenovo S860 е одлично скроен смартфон со метално куќиште отпорно на гребнатинки. IPS LCD дисплејот има големина од 5.3 инчи со HD резолуција од 1280х 720 пиксели, додека пак внатрешноста е составена од понови компоненти кои обезбедуваат одлични перформанси.

Lenovo S860 работи на четири-јадрен MediaTek MTK 6582 процесор од 1.3 GHz, потоа Mali 400MP2 графичка, 2 GB RAM, 16 GB меморија, 3G HSPA+ модем, како и веќе споменатата батерија со мега капацитет од 4000 mAh со која не може да се пофалат ни смартфоните од премиум класата. Истата обезбедува активна работа од над 8 часа или во комбинирана работа над 2 дена со едно полнење.

За правење слики и видеа на располагање имате 8 мегапикселна камера со сите модерни додатоци како фокус на допир, LED блиц, HDR режим и уште многу други.

Не сакате да го полните вашиот смартфон секој ден (дури неколку пати дневно)? Тогаш пронајдете ја неисцрпната енергија на Lenovo S860 - одлични спецификации ислобода од  неговата супер батерија. Lenovo S860 може да се најде и на македонскиот пазар со многу прифатлива цена од околу 280 евра.





Прочитајте повеќе: