Sony со проверен рецепт за евтини и квалитетни смартфони

Објавено на 12.02.2015 во Новости



Sony со проверен рецепт за евтини и квалитетни смартфони

Sony штотуку го претстави Xperia E4 првиот смартфон за 2015-та кој е надополнување на понудата во основната класа со неколку промени во дизајнот, но најзначајно е што е искористен процесор на Mediatek како нов правец на јапонскиот бренд. Во наредниот период се предвидени уште неколку модели во основната и средната класа кои ќе работат токму на Mediatek.
 
 
Според информациите на кинеските фабрики се очекува склучување на договор со Sony за склопување на нови смартфони кои ќе имаат четири и осум јадрени Mediatek процесори, како и 4G LTE мобилна конекција, а ангажирани ќе бидат Foxconn, Compal  и Arima. 
 
 
На овој начин Sony Mobilе ќе обезбеди пониска цена на својата палета на смартфони кои ќе имаат пристојни перформанси и Xperia серијата ќе биде поконкурентна на кинеските брендови Xiaomi, Meizu и Lenovo.