Полицијата гневна на Google Waze апликацијата

Објавено на 13.02.2015 во Новости



Полицијата гневна на Google Waze апликацијата

Полицијата на САД има прилично голема причина да биде гневна на апликацијата Waze која служи за меѓусебно информирање за состојбата во сообраќајот на корисниците, во што спаѓа и споделување на локациите на полицијата која прави контроли и прегледи.
 
 
Полицијата на САД смета дека со откривање на локацијата нивните припадници се доведуваат во опасност, особено од криминалци и убијци кои може да извршат одмазнички акти против нив. Затоа почнаа со нова кампања со внесување на лажни податоци во Waze за да ги маскираат своите позиции. 
 
 
Од Waze објаснуваат дека со споделување на локацијата на сообраќајната полиција возачите се повнимателни во посочената област и се намалува ризикот од сообраќајни несреќи. Исто така тврдат дека голем број на полициски станици соработуваат со нив и нивните офицери внесуваат точни податоци, но дел од нив имаат неоправдан страв дека ќе бидат нападнати. 
 
 
Од канцеларијата на шерифот на Бровард округот во Мајами изјавија дека не се плашат од Waze и дека на лудаците и тешките криминалци не им треба апликацијата за да извршат грозоморно злосторство врз полициски службеници.
 
Автор: Aleksandar Stankov