YouTube слави 10 години, како настана интернет гигантот

Објавено на 15.02.2015 во Новости



YouTube слави 10 години, како настана интернет гигантот

YouTube не забавува 10 години, но почетоците беа сосема поинакви, а основачите немаа ниту замисла како ќе се развива сервисот. Првичната идеја на YouTube е да функционира како сајт за запознавање, за потоа да се пренасочи кон место за објавување на видеа за аукции и интернет продажба, но ништо од тоа не профункционира, освен наједноставната функција, поставување на видеа од сите корисници.
 
 
Првото видео поставено на YouTube од ко-основачот Џавед Карим
 
Во првите години на постоење YouTube беше поврзан со MySpace и многумина ги поврзуваа видеата со нивната интернер активност, но за кратко време стана јасно кој ќе биде „газда“ на интернетот. По падот на MySpace на сцена стапува Google кој инвестира 1 милијарда долари во YouTube и му овозможува стабилен раст, како и неограничен пристап до сите интернет сервиси со што се формира овој непобедлив интернет концерн.
 
 
Причината за метеорскиот успех на YouTube се должи само на корисниците кои од сите страни на светот секојдневно поставуваат огромен број на видео содржини кои го отсликуваат нашето општество со сите убави, позитивни, забавни, но и лоши страни.