Asus прави смарт часовник со најиздржлива батерија

Објавено на 17.02.2015 во Новости



Asus прави смарт часовник со најиздржлива батерија

Asus веќе подолго време најавува нов смарт часовник кој ќе има батерија со рекорден капацитет која ќе работи околу седум активни дена, за разлика од досегашните модели кои едвај туркаат до три дена. Asus веќе е присутен со одличниот ZenWatch, но овој пат амбициите се поголеми.
 
 
Според најновите информации Asus работи на посебен модел кој ќе користи нов оперативен систем како замена за Android Wear платформата на Google, а ќе се користи и нов процесор специјално изработен од Mediatek. 
 
 
Со овие спецификации ќе се подобрат перформансите на Asus смарт часовникот и батеријата ќе биде поефикасно искористена, што ќе придонесе за подолготрајна работа со едно полнење. Од Asus се уште не го откриле датумот на промоција, но може да очекуваме повеќе детали за време на MWC од 1-ви март.
 
Автор: Aleksandar Stankov