Lenovo A536 - Најисплатливот евтин смартфон

Објавено на 19.02.2015 во Новости



Lenovo A536 - Најисплатливот евтин смартфон

Lenovo покажа мускули во премиум класата со супер квалитетни смартфони, но не ги крие ниту своите адути во основната понуда за купувачите со ограничен буџет. За таа цел го создаде Lenovo A536 смартфонот кој може да одговори на сите потреби на модерниот корисник, а при тоа да ја одржи цената на околу 120 евра.

Lenovo A536 доаѓа со доволно голем 5 инчен дисплеј со резолуција од 480 x 854 пиксели и густина на сликата од 196 пиксели на еден инч, а во внатрешноста се сместени компоненти кои не прават големи компромиси при крајните перформанси за корисникот.

Lenovo A536 работи со четири-јадрен Mediatek Cortex A7 процесор од 1.3 GHz, 1 GB RAM, 8 GB меморија која може да се надополни преку microSD картичка со уште 32 GB, додека пак батеријата со капацитет од 2000 mAh е сосема доволна за активна работа од над 6 часа или пак 13 часа разговор во 3G.

Во делот на мултимедијалните содржини може да ја користите 5 мегапикселната камера која вади слики со резолуција од 2592 х 1944 пиксели, располага со автофокус и LED блиц, додека пак предната камера има 2 мегапиксели и е доволна за правење селфи фотки. Lenovo A536 има подршка за повеќето аудио и видео формати, додека пак за оперативниот систем е искористен Android 4.4 KitKat.

На нашиот пазар моделот Lenovo A536 може да се најде во неколку варијанти – со една СИМ картичка во црна боја и со две СИМ картички во бела и црна боја. Смартфонот Lenovo A536 е одличен предлог за сите кои бараат пристапна цена, а воедно со тоа не прифаќаат компромис со квалитетот.