Color Bustle е забавна игра од македонски програмери

Објавено на 20.02.2015 во Игри



Color Bustle е забавна игра од македонски програмери

Македонските програмери се активираат со се поголем број на забавни и заразни игри за смартфон, па откако ви ја претставивме Arc, сега ја откриваме и Color Bustle која ќе ви помогне да ја убиете досадата.
 
Color Bustle - screenshot
 
Color Bustle е прилично едноставна игра, но како се зголемува брзината ќе ви биде се потешко да ја одржите концетрацијата. На екранот паѓаат топчиња во сина и црвена боја, а на дното има две ленти чија боја ќе треба постојано да ја менувате за да се совпадне со топчињата.
 
Color Bustle - screenshot
 
Како што се забрзува темпото ќе правите грешки, па штом лентите го допрат врвот играта заршува и ќе посакате веднаш да започнете одново. Color Bustle може бесплатно да ја превземете за Android од Google Play.