Galaxy Tab S2 ќе сецка јаболка со супер тенко тело

Објавено на 20.02.2015 во Новости



Galaxy Tab S2 ќе сецка јаболка со супер тенко тело

Samsung Mobile се подготвува на големо да ја воодушеви јавноста со втората генерација на Galaxy Tab S2 таблетите кои ќе бидат екстремно тенки со само 5.4 милиметри со што сериозно ќе ги нападнат Apple iPad таблетите.
 
 
Galaxy Tab S2 ќе има исто така два модела со 8 и 9.7 инчи најверојатно со Super AMOLED дисплеи со 2K HD резолуција, кои ќе работат на новиот 64 битен Exynos 7420 процесор, батерии со капацитет од над 4000 mAh, квалитетни камери и секако супер атрактивни метални тела.
 
 
Како што прогнозиравме и претходно Samsung Mobile оваа година ќе вложи сериозен напор во неколку категории меѓу кои и Galaxy Tab S2 таблетите. Нивната промоција ја очекуваме нешто подоцна во текот на летото и со пристојна цена сигурно ќе ги добиеме новите владетели во категоријата на таблети.
Автор: Aleksandar Stankov