Microsoft го подготвува најевтиниот Windows 10 смартфон

Објавено на 21.02.2015 во Новости



Microsoft го подготвува најевтиниот Windows 10 смартфон

Microsoft е во напредна фаза на подготовка на најновиот Lumia 640 кој како што асоцира самото име ќе биде продолжение на смартфоните во средната класа со прилично пристапни цени до 200 евра, а овој пат главен адут ќе биде примената на новиот Windows 10 оперативен систем.
 
 
Според првите протечени информации од тестирањата Lumia 640 ќе има дисплеј со qHD резолуција со големина меѓу 4.5 и 5 инчи, ќе користи 4G LTE конекција, 8 MP камера, батерија со капацитет од 2500 mAh и најверојатно Snapdragon процесор со 64 битна компатибилност. Промоцијата на Lumia 640 можеби ќе се случи наредната недела на MWC во Барселона.
Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: