Што се може да активирате гласовно во Android Lollipop

Објавено на 21.02.2015 во Туториали



Што се може да активирате гласовно во Android Lollipop

Google продолжува да ја зголемува функционалноста на гласовниот асистент Google Now со голем број на нови команди кои ќе ви го поедностават и забрзаат начинот на користење на смартфонот.
 
 
Во најновата надградба на Google Now со гласовни команди ќе може да ги активирате или исклучите Wi-Fi и Bluetooth конекциите, како и батериската лампа која неодамна беше додадена во менито со брзи активации.
 
 
За активирање на авионскиот режим, прилагодување на светлината и тонот наместо веднаш да се променат со гласовните команди Google Now само ќе го отвори конкретниот дел од менито каде ќе треба рачно да ги внесете командите. Овие новитети важат за најновата верзија на Android Lollipop, но наскоро очекуваме да пристигнат и кај постарите верзии на оперативниот систем.