LG Mobile ја претстави новата квадрофонија

Објавено на 24.02.2015 во Новости



LG Mobile ја претстави новата квадрофонија

LG објави дека наскоро пристигнува нова серија во средната класа со четири смартфони кои ќе ги покријат сите потреби на корисниците со разновидни компоненти кои ветуваат солидни перформанси. Серијата е составена од LG Joy, LG Leon, LG Spirit и LG Magna.
 
LG Joy е основниот модел со 4 инчен дисплеј со резолуција од 480 х 800 пиксели, 4G LTE, четири-јадрен процесор од 1.2 GHz, 8 GB меморија, 5 мегапикселна камера и батерија со капацитет од 1900 mAh. За одредени пазари се планира и послаба верзија на LG Joy со 3G и дво-јадрен процесор.
 
 
Следен на листата е LG Leon со 4.5 инчен дисплеј со резолуција од 480 х 854 пиксели, четири-јадрен процесор од 1.3 GHz, 8 GB меморија, 8 MP камера и батерија од 1900mAh.
 
LG Spirit веќе се доближува до повисоката класа со 4.7 инчен HD дисплеј и поиздржлива батерија од 2100 mAh. Најмногу се издвојува LG Magna кој се разликува со уште подобра батерија од 2540 mAh. Сите смартфони имаа модерен дизајн и квалитетна изработка, па наскоро очекуваме да се појават на пазарот со пристапни цени од 200 до 300 евра.
 
Автор: Aleksandar Stankov