Погледнете ја забранетата секси реклама за Kazam Tornado 348

Објавено на 25.02.2015 во Новости



Погледнете ја забранетата секси реклама за Kazam Tornado 348

Рекламата за Kazam Tornado 348 наменета за телевизиските гледачи за жал е забранета поради сексуалната конотација. Во видеото има женски модел во долна облека со провокативен изглед и ТВ властите во Велика Британија ја оценија како навредлива за жените кои се третирани како сексуални објекти, но нема ништо експлицитно што би го надминал степенот на пристојност, бидејќи сме виделе и многу поеротски реклами.

Во секој случај цензурата од страна на Агенцијата за стандарди во рекламирањето му донесе голем публицитет на Kazam Tornado 348 на интернет со голем број на прегледи. Kazam Tornado 348 инаку располага со 4.8 инчен Super AMOLED дисплеј, oсум-јадрен процесор од 2.7 GHz, 1 GB RAM, 16 GB меморија, 8 мегапикселна камера, батерија со капацитет од 2050 mAh и супер тенко тело од 5.1 милиметар. Во Велика Британија се продава по цена од околу 250 фунти.