Наскоро Sony Xperia M4 Aqua - Нов евтин и водоотпорен смартфон

Објавено на 26.02.2015 во Новости



Наскоро Sony Xperia M4 Aqua - Нов евтин и водоотпорен смартфон

Sony Mobile продолжува со пласирањето на водоотпорни смартфони со пристапна цена и во 2015-та година и планирано е за време на MWC да биде претставен уште еден смартфон од средната класа Sony Xperia M4 Aqua со што се потврдува определбата за доближување до поголем број на корисници.
 
 
За Sony Xperia M4 Aqua се уште немаме голем број на официјални спецификации, освен дека ќе работи на најновата верзија на оперативниот систем Android 5.0 Lollipop и дека ќе има 4G LTE конекција.
 
 
Оваа година Sony веќе ги претстави двата евтини смартфони Sony Xperia E4 и Xperia E4g со цена од околу 130 евра, па очекуваме да продолжи со иста динамика и Sony Xperia M4 Aqua не би требало да чини повеќе од 200 евра.