Евтиниот Asus ZenFone 2 со рекордни резултати на Antutu

Објавено на 28.02.2015 во Новости



Евтиниот Asus ZenFone 2 со рекордни резултати на Antutu

Asus ZenFone 2 е познат како еден од најевтините смартфони во високата класа со цена од околу 400 евра, но никој не очекуваше дека ќе постигне нов рекорд при тестирање на перформансите на сајтот AnTuTu каде го освои второто место со над 50 илјади поени. 
 
 
Asus ZenFone 2 да потсетиме работи на четири-јадрен Intel Atom Z3580 процесор од 2.3 Ghz, a во прилог на високите резултати оди и употребата на моќната графичка карта PowerVR Rogue G6430. Секако, не треба да се потценат и рекордните 4 GB RAM, но во овој случај тие немаат голем придонес во постигнатите резултати на AnTuTu.
 




Прочитајте повеќе: