Huawei MediaPad X2 - Таблет за забава со супер батерија

Објавено на 01.03.2015 во Новости



Huawei MediaPad X2 - Таблет за забава со супер батерија

Huawei го претстави новиот екстра таблет MediaPad X2 кој со големината од 7 инчи и екстра батеријата од 5000 mAh ќе биде одличен избор за користење надвор од домот и канцеларијата, односно ќе ви овозможи поголема мобилност и можности за забава, комуникација и работа со апликации.
 
 
Huawei MediaPad X2 е навистина тенок со 7.28 милиметри, а IPS дисплејот има HD резолуција 1920 x 1200 пиксели, работи на ултра осум-јадрен HiSilicon Kirin 930 процесор до 2.0 GHz, 3 GB RAM, 32 GB меморија, LTE конекција со можност за работа со две SIM картички и 13 мегапикселна камера. 
 
 
Таблетот има Smart PA аудио чип кој со DTS сараунд технологијата креираат совршен звук за сите мултимедијални содржини. MediaPad X2 е заокружен и со Android 5.0 Lollipop системот, па наскоро очекуваме да се најде во Европа по цена од околу 200 евра.