Acer Liquid M220 - Убедливо најевтиниот Windows смартфон

Објавено на 01.03.2015 во Новости



Acer Liquid M220 - Убедливо најевтиниот Windows смартфон

Acer го претстави Liquid M220 досега најевтиниот Windows смартфон кој ќе чини само 79 евра и ќе биде поевтин дури и од Nokia Lumia 530. Acer Liquid M220 сосема разбирливо за овие пари нема да понуди ништо атрактивно во хардверот, но затоа пак софтверот ќе буде ултра модерен.
 
 
Acer Liquid M220 доаѓа со 4 инчен WVGA дисплеј, работи на дво-јадрен Qualcomm процесор, 512 MB RAM, 4 GB меморија, 5 мегапикселна камера, како и батерија со капацитет од 1900 mAh. 
 
Acer Liquid M220 во текот на летото ќе ја добие и надградбата со оперативниот систем Windows 10 и тоа значи дека ќе има пристап до сите најнови софтверски додатоци како Office пакетот на апликации, гласовниот асистент Cortana и новиот интернет прелистувач Spartan.
Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: