Мебелот на IKEA безжично ќе полни телефони

Објавено на 03.03.2015 во Новости



Мебелот на IKEA безжично ќе полни телефони

IKEA најави нова серија на мебел во која ќе има вградено безжични полначи со Qi стандардот за полнење на батеријата на смартфони и електронски уреди со смарт технологија. 
 
 
Home Smart серијата на мебел на IKEA ќе има посебен кабел за струја за поврзување на магнетните полначи и претставници од компанијата пренесоа дека сакаат да им помогнат на своите корисници полесно и почесто да ги користат своите смарт уреди кои им се неопходни за секојдневната комуникација, забава и работа.
 
 
Масичките, бироата, креветите и шкафчињата на IKEA ќе може да ги полнат смартфоните од брендовите Nokia, Samsung, LG и останатите кои имаат вградено Qi ресивери за безжичен пренос на енергија, односно со самото нивно поставување врз полначот започнува процесот на полнење на батеријата.