Доаѓа iPad Pro - Првиот хибриден лаптоп-таблет на Apple

Објавено на 05.03.2015 во Новости



Доаѓа iPad Pro - Првиот хибриден лаптоп-таблет на Apple

Apple речиси пет години не отстапува од својата замисла за идеалниот iPad таблет кој премногу не се менуваше, но корисниците и фановите долго време чекаат нешто ново и помоќно. Тоа може да биде остварено со iPad Pro, концепт за 12 инчен таблет кој на повеќе наврати се појавува во јавност, но сега конечно може да се потврди дека шпекулациите држат вода и се подготвува нов уред со бројни додатоци.
 
 
iPad Pro најверојатно ќе има повеќе USB 3.0 порти што ќе овозможи приклучување на физичка тастатура и глувче за трансформација во целосно функционален лаптоп, а исто така предвидено е и вклучување на iStylus пенкало, како и моќен хардвер кој ќе донесе исто рамниште на десктоп перформанси. 
 
 
Тоа значи дека ќе се отвори и можност за нов софтвер, односно доближување на мобилните и десктоп оперативните системи iOs и OS X во еден мултифункционален уред кој ќе има капацитет на iMac и преносливност на iPad. Како можен датум за промоција на iPad Pro се наведува јуни за време на WWDC 2015 конференцијата, односно да помине лансирањето на Apple Watch за да нема дефокусирање од функциите на смарт часовникот.
 




Прочитајте повеќе: