Екстра план - Google ќе биде мобилен оператор со Wi-Fi мрежа

Објавено на 05.03.2015 во Новости



Екстра план - Google ќе биде мобилен оператор со Wi-Fi мрежа

 
Технолошкиот гигант Google откри дека има амбиции за освојување на телекомуникациите, па за време на презентација на MWC во Барселона ги откри плановите за создавање на сопствена мобилна мрежа која ќе има и безжична инфраструктура. 
 
 
Планот е наречен Project Nova со кој за почеток ќе се обезедат помал број на корисници и Google во наредните месеци нема да се обиде да ги руши мобилните оператори, туку и ќе соработува со нив. Project Nova ќе им обезбеди на корисниците мобилни комуникациски услуги, соопшти Сундар Пичаи, потпретседател на Google задолжен за Android сегментот кој директно ќе биде задолжен за развивање на новите мобилни продукти.
 
 
Наскоро компанијата ќе ги објави првите тарифни планови за смартфони и таблети кои секако, нема да бидат ограничени на Android платформата, туку на сите корисници на кои им треба поевтин пакет со интернет, минути за разговори и SMS пораки кои ќе се реализираат преку комбинирана мобилна и Wi-Fi мрежа. Како потенцијални партнери на Google се споменуваат операторите Sprint и T-Mobile.