Со Coffee In ќе го пронајдете совршеното кафе за вас

Објавено на 11.03.2015 во Македонски апликации



Со Coffee In ќе го пронајдете совршеното кафе за вас

Coffee In е нова македонска апликација која сигурно ќе им се допадне на сите љубители на кафето бидејќи нуди огромен број на рецепти и комбинации со омилениот пијалок. Coffee In е изработена од девелоперот Zec и може да ги добие сите пофалби за одличниот дизајн, убавите слики и илустрации и големата разновидност на кафе деликатеси.
 
Coffee In - screenshot
 
Во описот на Coffee In е наведена и можноста да откривате пијалоци со егзотични комбинации на кафе кои се речиси непознати во Македонија и не може да ги најдете во кафе баровите. Доколку не може да се одлучите може да го притиснете копчето Randomize по што апликацијата Coffee In ќе ви предложи кафе рецепт. 
 
Coffee In - screenshot
 
Автор: Aleksandar Stankov