Apple Watch ќе почека, Samsung Gear е најпродаван смарт часовник

Објавено на 11.03.2015 во Новости



Apple Watch ќе почека, Samsung Gear е најпродаван смарт часовник

Apple Watch е можеби новиот хит производ на Apple но, за неговата успешност ќе почекаме кога ќе бидат објавени првите бројки на продажба, бидејќи досега Samsung Gear часовниците се најпродавани и најбарани на екстремно конкурентниот пазар каде има огромен избор.
 
 
Првите официјални податоци за последниот квартал од 2014-та обезбедени од Statista велат дека Samsung продал 1.2 милиони смарт часовници и фитнес алки, додека зад нив се најдоа моделите на исто така почитуваниот бренд Pebble кој всушност и прв ја популаризираше идејата за преносни смарт уреди. 
 
 
Третото место со 700 илјади продадени уреди го држи Fitbit што покажува дека корисниците сакаат функционални фитнес уреди за следење на нивните физички активности, опција која се обидуваат да ја вметнат и останатите брендови. 
 
 
Како што може да се види Apple Watch веќе доаѓа во категорија кој остварува продажба од над 3 милиони уреди за 3 месеци, така што пазарниот удел нема да биде спектакуларен од самиот смарт. 
 
 
Покрај негативните оценки и прогнози за Apple Watch останатиот дел од медиумите прогнозираат фантастична продажба од дури 15 милиони часовници до крајот на 2015-та, што ќе значи целосна револуција на понудата, но ако некој е способен за такво нешто, тоа сигурно е Apple.
 
 
Што мислите вие, дали Apple Watch ќе успее сериозно да се наметне кај купувачите со оглед на екстра високите цени од 350 до 1100 долари, како и ограничената употреба и компатибилност само со iPhone смартфони.