Apple забранува антивирусни апликации, iPhone е совршен

Објавено на 21.03.2015 во Новости



Apple забранува антивирусни апликации, iPhone е совршен

Apple се почесто ги забранува апликациите кои служат за детекција на штетен софтвер кај уредите кои работат на iOs за да покаже дека iPhone е совршен и не може да фати вируси. Најнова забранета апликација е VirusBarrier која два пати била бришена од App Store.
 
 
Девелоперот Intego вели дека при секое поднесување на апликацијата строго ги почитувале сите правила на Apple за информирање на корисниците, но биле бришени од App Store. VirusBarrier служи за заштита од напад на вируси преку веб страни и e-mail пораки, но освен тие што досега ја инсталирале повеќе нема да се користи за iPhone.
 
Apple и понатаму сака да го одржи урбаниот мит дека iOs е најбезбедниот систем и дека вирусите и хакерските напади ништо не му можат, но тоа не е вистина бидејќи хакерите се почесто наоѓаат слабости на платформата и успеваат да украдат информации, да ги загрозат корисничките сметки и да пласираат штетен софтвер, затоа забраната за антивирусни апликации во App Store е неодговорна.




Прочитајте повеќе: