Lenovo P90 ќе ви направи мечкина услуга

Објавено на 22.03.2015 во Новости



Lenovo P90 ќе ви направи мечкина услуга

Lenovo ја започна кампањата за Lenovo P90 како еден од најисплатливите смартфони во високата класа со прилично моќни компоненти, па затоа и главен лик во новите реклами е мечката Теди кои со смартфонот ги совладува сите предизвици од секојдневието.

Настрана рекламите кои се малку чудни, сепак доаѓаат од Азија каде ваквиот маркетинг се смета за дури премногу скромен и едноставен, треба да се напомене дека Lenovo P90 со цена од околу 350 евра располага со солидни перформанси. 

Lenovo P90 доаѓа со 5.5 инчен IPS LCD дисплеј со Full HD дисплеј, работи на oсум јадрен 64 битен Intel Atom Z3560 процесор, 2 GB RAM, 32 GB меморија, 13 мегапикселна камера, како и екстра батерија со капацитет од 4000 mAh. Lenovo P90 наскоро го очекуваме и на македонскиот пазар.
 




Прочитајте повеќе: