LG G4 дефинитивно доаѓа на 28 април

Објавено на 31.03.2015 во Новости



LG G4 дефинитивно доаѓа на 28 април

LG Mobile за помалку од месец дена ќе покаже дали има храброст, моќ и капацитет да му се спротистави на Samsung Mobile со новиот супер-смартфон LG G4 кој ќе има тешка задача да го победи Samsung Galaxy S6. 
 
28 април ќе биде прилично воздудлив ден бидејќи промоцијата на LG G4 ќе се одржи во светските метрополи Истанбул, Лондон, Њујорк, Париз, Сингапур и домашниот Сеул. За сега може да се предвиди дека LG G4 ќе има мала заобленост на дисплејот, ќе понуди нови метални елементи во градбата, додека пак дисплејот сигурно ќе има големина над 5 инчи со Quad HD резолуција.
 
Досегашните прогнози беа прилично позитивни, LG имаше доволно време да се подготви и да го создаде најдобриот смартфон за корисниците во премиум класата со најави за целосна иновација на дизајнот и ескпериментирање со хардверот, па да видиме дали навистина ќе успее.