Microsoft Spartan конечно пуштен во акција

Објавено на 31.03.2015 во Новости



Microsoft Spartan конечно пуштен во акција

Microsoft конечно го вклучи новиот интернет прелистувач Spartan во почетната верзија на Windows 10 која може да ја користите доколку сте регистрирани во Preview програмата. На овој начин за прв пат може да видиме како ќе функционира Spartan во реалноста заедно со сите новитети кои го прават значително атрактивен.
 
 
Во почетната верзија на Spartan ќе може да правите белешки од веб страните директно на екранот, а истите ќе може да ги споделите како коментари и реакции на социјалните мрежи. Главната подршка на Spartan доаѓа преку персоналниот асистент Cortana за добивање на информации за содржините, вашиот распоред и огранизирање на обврските.
 
 
Во наредните верзии на Spartan ќе бидат вклучени и сите најавени функции како активирање на можноста за читање на содржините без интернет конекција, како и примена на Reader опцијата за прилагодување на текстот на големината на екранот, што значи идентичена функционалност на десктоп, лаптоп и смартфон.