Доаѓа редот и на HTC One E9 со одличен сетап

Објавено на 01.04.2015 во Новости



Доаѓа редот и на HTC One E9 со одличен сетап

HTC досега претстави два одлични смартфони HTC One M9 и HTC One E9+. Редоследот е некако чуден бидејќи допрва претстои HTC One M9 Plus кој ќе биде најмоќен со најдобри компоненти, а сега на ред доаѓа најевтиниот HTC One E9. Првите валидни слики кои протекоа од HTC One E9 прикажуваат дека смартфонот ќе има слични линии како претходните модели, но ќе биде изработен од пластика за да се заштеди на цената.
 
 
HTC One E9 најверојатно ќе располага со 5 инчен HD дисплеј, а хардверот ќе биде за нијанса поограничен со Mediatek процесор, 2 GB RAM, 16 GB меморија, 13 мегапикселна камера, батерија со капацитет од 2600 mAh, додека пак софтверот ќе биде составен од Android 5.0 Lollipop и HTC Sense 7.0 интерфејсот. 
 
 
Се уште не е закажан датумот на промоција, ниту пак е откриена цената на HTC One E9, но слично како со неговиот поголем брат HTC One E9 најверојатно ќе биде откриен без голема помпа во медиумите.
Автор: Aleksandar Stankov