Microsoft го враќа MS-DOS и тоа на смартфон

Објавено на 01.04.2015 во Windows



Microsoft го враќа MS-DOS и тоа на смартфон

Голем дел од нашите читатели сигурно не ни биле родени кога се користел MS-DOS еден од најстарите оперативни системи но, Microsoft влезен во носталгично расположение реши да креира посебна верзија на системот наменета за смартфон и тоа прилично успешно.
 
 
MS-DOS изгледа прилично едноставно во црно бело без никакви бои, виџети, анимации, графики и можеби тоа им фали на денешните претерано комплицирани смартфони. Најголемата маана на MS-DOS е потребата постојано да внесувате команди за секој следен чекор, пример активрање на камерата, Bluetooth или било кое мени.
 
 
Мора да се признае дека MS-DOS изгледа симпатично на смартфон и го враќа имиџот на компанијата па затоа секоја чест на Microsoft за оваа првоаприлска местенка во која е вложен многу труд и креративност. Инаку воопшто не е шега, доколку сте заинтересирани навистина постои MS-DOS емулатор кој може да го инсталирате од Windows Store.