Sony Xperia E4g пристигна во Европа со многу ниска цена

Објавено на 02.04.2015 во Новости



Sony Xperia E4g пристигна во Европа со многу ниска цена

Sony Mobile се уште не ја започнал доставата на Sony Xperia E4g до операторите, но затоа пак стартуваше продажбата преку онлајн продавниците за електроника во Велика Британија. Sony Xperia E4g може да се порача од Clove по сосема пристојна цена од околу 150 евра што е новитет во понудата на Sony Mobile кој претходно важеше за еден од најскапите брендови.
 
 
Sony Xperia E4g е одличен смартфон во средната класа, опремен со 4.7 инчен qHD дисплеј со резолуција од 560 х 940 пиксели, работи на 64 битен четири-јадрен MediaTek MT6732 процесор, со 1 GB RAM, 8 GB меморија која може да се надополни преку microSD картичка до 32 GB и има 5 мегапикселна камера на задната страна со LED блиц.
 
 
Како и кај повеќето Sony смартфони Xperia E4g има прилично издржлива батерија која со едно полнење обезбедува активна работа од два дена, а одличен додаток е и 4G LTE конекцијата која недостасува кај почетниот модел. 
 
Автор: Aleksandar Stankov