И тоа е возможно - Android апликации на PC

Објавено на 03.04.2015 во Новости



И тоа е возможно - Android апликации на PC

Google создаде нова веб алатка со која ќе може да ги тестирате сите Android апликации на PC со било кој оперативен систем Widnows, OS X или Linux. Android апликациите преку ARC Welder софтверот се вчитуваат во интернет прелистувачот Google Chrome, а за да ги активирате потребно е да го поседувате APK фајлот.
 
 
На овој начин програмерите ќе може да ги тестираат своите Android апликации и на десктоп, а корисниците може да експериментираат со многу интересни и квалитетни мобилни апликации. Интерфејсот ќе биде идентичен како и на смартфон, но главна пречка е навигацијата која нема да биде иста поради командите на допир. 
 
 
 
Автор: Aleksandar Stankov