HTC Cello го пали моторот - Најдобриот автомобилски систем

Објавено на 06.04.2015 во Новости



HTC Cello го пали моторот  - Најдобриот автомобилски систем

HTC подготува големо изненадува за возачите со новиот смарт автомобилски уред HTC Cello кој ќе функционира подобро од Android Auto и Apple CarPlay со целосна контрола врз автомобилот.
 
 
HTC Cello ќе располага со GPS навигатор, ќе ја следи работата на автомобилот со мерење на притисокот на гумите, ќе има сонар, ноќен визир, сензор за претекнување, како и DVD плеер.
 
Автомобилскиот систем HTC Cello ќе се базира на HTC Sense интерфејсот и ќе се прикажува посебен софтвер наречен Human Machine Interface за поголема прегледност и зачувување на концетрацијата при возењето. Засега се уште нема информации колку ќе чини еден HTC Cello и дали ќе биде функционален само со HTC или било кој смартфон.