ZTE Blade S6 Plus лансиран во Европа за 279 евра

Објавено на 07.04.2015 во Новости



ZTE Blade S6 Plus лансиран во Европа за 279 евра

ZTE со најновиот смартфон ZTE Blade S6 Plus реши да примени една поинаква стратегија и наместо да го продава преку кинеските онлајн продавници го избра eBay како свој партнер за продажба во Европа и САД. 
 
 
ZTE Blade S6 Plus е прилично квалитетен смартфон кој ќе може да се порача по цена од само 279 евра, а за тие пари нуди 5.5 инчен HD дисплеј, осум-јадрен Qualcomm Snapdragon 615 процесор, 2 GB RAM, 16 GB меморија со можност за надополнување до 64 GB преку microSD картичка, како и солидна батерија со капацитет од 3000 mAh.
 
 
Смартфонот располага и со 13 мегапикселна камера на задната страна со LED блиц, 5 мегапикселна селфи камера, а делот на мултимедијата е заокружен со FM радио. Во делот на конекциите ZTE Blade S6 Plus нуди 4G LTE модем и можност за работа со две SIM картички.
 
 
Софтверот на ZTE Blade S6 Plus е составен од Android 5.0 Lollipop и новиот MiFavor интерфејс. Дизајнот исто така ќе ви се допадне, а привлекува и тенкото тело од само 7.7 милиметри.