Huawei Ascend P8 доаѓа и во Lite верзија

Објавено на 07.04.2015 во Новости



Huawei Ascend P8 доаѓа и во Lite верзија

Huawei одлично ја започна годината со промоција на неколку супер квалитетни Media таблети, па сега сака да се активира и на сцената на мобилни телефони. Од досегашната понуда во Европа и САД најдобро се покажаа Huawei Ascend P смартфони и не очекува третата генерација составена од два модели. Основниот Huawei Ascend P8 веќе го најавивме, па сега на ред е и мини верзијата наречена Huawei P8 Lite, па да видиме што има да понуди.
 
 
Според податоците на кинеската агенција TENAA смартфонот Huawei P8 Lite ќе има 5 инчен HD дисплеј, ќе работи на осум-јадрен HiSilicon Kirin 620 процесор од 1.2 GHz, 2 GB RAM, 16 GB меморија, 13 мегапикселна камера, а ќе понуди и одличен дизајн со тенко тело од 7.7 милиметри. Промоцијата на дуото Huawei P8 ќе се одржи на 15 април.