Huawei SnapTo е нов конкурент за 179 долари

Објавено на 08.04.2015 во Новости



Huawei SnapTo е нов конкурент за 179 долари

Huawei се подготвува да го нападне Motorola во основната класа со новиот смартфон Huawei SnapTo кој ќе се продава по цена од само 179 долари и ќе биде достапен глобално преку Amazon. 
 
 
Huawei SnapTo замислен како директен конкурент на Motorola Moto G со понуда на 5 инчен LCD дисплеј со резолуција од 720 х 1280 пиксели, а хардверот ќе биде управуван од 64 битен Qualcomm Snapdragon 400 процесор со 1.2 GHz, Adreno 305 GPU, 1 GB RAM, 8 GB меморијас со слот за microSD картичка и батерија со капацитет од 2200 mAh.
 
 
Huawei SnapTo и покрај тоа што името асоцира на некоја брза и квалитетна камера доаѓа со сензор од само 5 мегапиксели на задната страна, а за селфи фотки 2 мегапикселна камера. Софтверот е составен од Android 4.4 KitKat и Emotion UI v2.3.