Dell Venue 10 - Моќен Android таблет со Intel

Објавено на 10.04.2015 во Новости



Dell Venue 10 - Моќен Android таблет со Intel

Dell го најави новиот Dell Venue 10 7000 таблет кој како главен адут го истакнува 64 битниот Intel Atom Z3580 процесор со четири-јадра кои работат на поединечна френкфенција 2.3 GHz, за совршена комбинација со софтверот на Android 5.0 Lollipop. 
 
 
Dell Venue 10 7000 располага со 10.5 инчен HD дисплеј со резолуција од 2560 х 1600 пиксели, а може да се пофали и со 8 мегапикселна RealSense камера со која ќе може да креирате и 3D слики. Таблетот е надополнет со 2 GB RAM, 32 GB меморија и батерија со капацитет од 7000 mAh што е сосема доволно за целодневна работа со едно полнење.
 
 
Со овој сетап на компоненти Dell Venue 10 ќе се продава по цена од 499 долари, додека пка дополнителната докинг тастатура ќе чини 130 долари.
Автор: Aleksandar Stankov